Достапни линкови

Цената за изградба и опремување на Стариот театар што се гради на кејот на реката Вардар, од предвидените 6, достигна 39 милиони евра.

Цената за изградба и опремување на Стариот театар што се гради на кејот на реката Вардар достигна 39 милиони евра. Оваа бројка е добиена според објавените податоци за склучени договори на интернет страната на Биро за јавни набавки. Кога почна изградбата на Театарот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска најави дека тој ќе чини 6 милиони евра. Тоа е за 6 пати помалку од она што досега е потрошено за изградба како и за набавка на опрема и мебел.
Она што кај нас се случува со Портата или со Театарот е како кога правите куќа да не сте предвиделе дека на куќата треба да има прозорци и врати и како да не сте предвиделе дека треба да има осветлување или под.

Според Бирото за јавни набавки, само во изминатиов месец се потрошени над 3 милиони евра за дополнителни работи. Станува збор за изведба на градежно занаетчиски работи, па така италијанската Ламоне Мореда со Министерството за култура склучи два договори во вредност од 2,2 милиони евра. Едниот е за изработка и монтажа на акустични и противпожарни врати, а вториот се однесува за заштита на градежна јама и проширување на техничка врата на северната фасада на објектот Стар театар.

Додека договорот од милион евра за изведување на противпожарни машински инсталации го добила скопската подружница на австриската фирма Страбаг. Тоа е фирма која што склучила со Министерството вкупно 8 договори во вредност од 13,5 милиони евра, од кои за дел е наведено дека се однесуваат на дополнителни и непредвидени работи, а дел се однесуваат на изведба на машински инсталации, но и за набавка на мебел.

Од склучувањето на првиот договор за изградба на Стариот Театар во 2007-мата година(договор кој не е објавен на бирото за јавни набавки), па досега цената се зголемуваше со помош дополнителни договори кои се однесуваат на непредвидени трошоци, без при тоа да биде наведено какви било детали за нив. Во оние за кои е наведено, најчесто се браварски и ѕидарски работи, машински инсталации, стручен надзор на објектот или, пак, набавка на опрема и мебел.

Министерката во интервју за Радио Слободна Европа пред две години изјави дека причини за растот на цените на проектот Скопје 2014 е фазното работење и затоа што објектите не се готови не може да знае која ќе биде конечната цена.
Вид на набавка Фирма Сума
1 Основен договор Бетон - Штип 6.000.000 евра
2 Испорака и монтажа на опрема и инсталација „Светлост театар“ Белград 11.135.598 евра
3 Набавка на занаетчиско ентериерни работи и мебел Страбаг АГ 8.900.197 евра
4 Изведување на машински инсталации Страбаг АГ 1.829.816 евра
5 Градежна јама и техничка врата Ламоне Мореда 1.514.625 евра
6 Браварско, столарски, фасадерски и каменорезачки работи Ламоне Мореда 1.176.306 евра
7 Изведување на електротехнички работи и осветлување на фасадата Електро лаб 1.071.371 евра
8 Противпожарни машински инсталации Страбаг АГ 1.034.271 евра
9 Хидро технички инсталации Вардар градба и Електролаб 781.975 евра
10 Изведување на дополнителни работи Страбаг АГ 694.801 евра
11 Акустучни и противпожарни врати Ламоне Мореда 677.439 евра
12 Анекс договор за непредвидени работи Бетон - Штип 537.577 евра
13 Изведување на непредвидени работи Страбаг АГ 363.895 евра
14 Занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема и осветлување Страбаг АГ 363.895 евра
15 Изведување на непредвидени работи Ламоне Мореда 342.980 евра
16 40 скулптури леени во бронза 330.193 евра
17 192 скулптури изработени од гипс 272.701 евра
18 Изведување на непредвидени работи Страбаг АГ 240.584 евра
19 Изведба на хидротехнички инсталациии Бетон Штип 228.319 евра
20 Изведување на непредвидени работи Страбаг АГ 221.784 евра
21 Изведување на непредвидени работи Вардар градба 218.121 евра
22 Отсликување на плафонот во големата сала во објектот 265.401 евра
23 46 скулптури леени во бетон 190.134 евра
24 Изведување на непредвидени работи Конструктор инженеринг 192.155 евра
25 Изработка на централна скулптурална композиција 189.512 евра
26 Изведување на непредвидени работи, инсталација и монтажа на опрема 111.975 евра
27 Изведување на дополнителни работи Бичковски дооел 56.718 евра
28 Стручен надзор 23.024 евра
29 Проектантски надзор 18.536 евра
30 Стручен надзор при изведба на сценски системи 17.268 евра
31 Изведување на непредвидени работи Бетон Штип 14.719 евра
32 Извршување проектански надзор Чакар – Партнерс 12.682 евра
33 Проектантски надзор Неимар инженеринг 10.000 евра
34 Извршување проектантски надзор Неимар инженеринг 5.525 евра
35 Анекс договор за проектантски надзор 4.195 евра
36 Проектантски надзор Машински факултет 3.683 евра
37 Проектантски надзор за фазата водовод и канализација 767 евра
ВКУПНО
39.068.476 евра
Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернејшнал Македонија вели дека честопати се појавуваат ситуации во кои занаетчиски работи, скулптури, елементи од бакар и дрво се прават со анекс договори како да не знаеле претходно дека тоа треба да го има.

„Она што кај нас се случува со Портата или со Театарот е како кога правите куќа да не сте предвиделе дека на куќата треба да има прозорци и врати и како да не сте предвиделе дека треба да има осветлување или под.“
Тие скулптури кои ги гледаме на проекцијата на Скопје 2014, не значи дека некој непредвидено се сетил дека тука мора да има скулптури, знаеле дека мора да има, но намерно не се ставени во првиот тендер за да може постојано да се оди со дополнителни, а што се прави на овој начин - се исклучуваат другите учесници на тендерот, некој можеби ќе дадел многу подобра, поевтина и поквалитетна понуда, ама очигледно дека однапред се знаело со кого треба да се склучат овие тендери и сево ова е типична злоупотреба на јавните сретстава преку постапките за јавните набавки.

Со тоа се остава простор за многу незаконитости и мислам дека намерно се прави и на тој начин се злоупотребуваат јавните пари, додава Тасева. Според неа, не дека не се разбира законот, туку погрешно се толкува и применува одредбата која се однесува на дополнителните трошоци.

Непредвидено е нешто што ни на сон не може да ви текне дека ќе се случи, вели Тасева.

„Тие скулптури кои ги гледаме на проекцијата на Скопје 2014, не значи дека некој непредвидено се сетил дека тука мора да има скулптури, знаеле дека мора да има, но намерно не се ставени во првиот тендер за да може постојано да се оди со дополнителни, а што се прави на овој начин - се исклучуваат другите учесници на тендерот, некој можеби ќе дадел многу подобра, поевтина и поквалитетна понуда, ама очигледно дека однапред се знаело со кого треба да се склучат овие тендери и сево ова е типична злоупотреба на јавните средства преку постапките за јавните набавки“, вели Тасева.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации, организација која се занимава со мониторирање на јавните набавки, вели дека поради шпекулациите за злоупотреби кои постојат во јавноста неопходно е да се изврши ревизија на проектот, но не само за спроведувањето на овие договори, туку и за останатите процедури, според Законот за јавни набавки. Таа додава дека во јавните набавки еден од проблемите кои што се јавуваат е фактот дека едни исти фирми добиваат договори за изведување на градежни работи во проектот Скопје 2014.

„Тој проблем произлегува од тоа што кога ги објавуваат тендерите институциите поставуваат премногу високи критериуми на квалификација, бараат преголемо искуство на фирмите за да можат да аплицираат на тендерите и им бараат претходно искуство конкретно до државни институции. На тој начин теренот и можноста за учество на што е можно повеќе актери од бизнис сцената се намалува и на тој начин се стеснува просторот и велиме дека тендерите ги добиваат одредена мала група на фирми.“

Анекс договорите отворија серија сомнежи за тоа како се трошат народните пари, со тоа што под превезот на законот, тие се користат како алатка за сокривање на вистинската вредност на објектите. Целта на законскиот механизам за доплата за непредвидени трошоци од 30 проценти од вредноста на договорот наместо како исклучок се користи како правило.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG