Достапни линкови

Во Дурбан продолжи самитот на БРИКС


Во Дурбан, Јужна Африка продолжи самитот на групата БРИКС на кој се очекува да биде објавен план за основање нова банка за развој.
На состанокот присуствуваат претседателите на Бразил Дилма Русеф, на Кина Кси Џинпинг, на Русија Владимир Путин и на Јужна Африка Јакоб Зума, како и индискиот премиер Манмохан Синг.
Се смета дека за поширока спогодба треба да се почека, бидејќи е потребно време за разработување на сите детали околу формирањето и работата на банката. Целта е банката да биде противтежа на Светска Банка и ММФ, во кои според БРИКС, доминираат западните земји.
XS
SM
MD
LG