Достапни линкови

Кипарските банки во Грција денеска продолжуваат со работа


Филијалите на Kипарските банки во Грција денеска ќе ги отворат своите врати, откако вчера беше потпишан договор во вредност од 524 милиони евра за нивно преземање од страна на грчката „Пиреус Банка“.

Во соопштението на Грчката централна банка се наведува дека договорот ја гарантира стабилноста на банкарскиот систем, помага за надминување на финансиската криза на Кипар и обезбедува гаранции за штедачите, клиентите и вработените од преземените филијали на трите кипарски банки во Грција - „Кипарската народна банка“, „Банката на Кипар“ и „Грчката банка“.

Трансферот на кипарските банки, кои покриваат 10 отсто од банкарскиот пазар во Грција, е предвиден со договор со цел да се избегне масовното повлекување пари од штедни влогови во Грција и да се ограничи кревкиот банкарски сектор на островот.
XS
SM
MD
LG