Достапни линкови

Џон Кери во посета на Франција


Џон Кери

Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери, кој од вчера престојува во Париз, денеска ќе се сретне со шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус, со кого ќе разговара за помошта за сириската опозиција и за ситуацијата во Мали. Франција е една од неколкуте европски земји кои изразија желба да испратат воена помош за сириските бунтовници, а Париз бара од Вашингтон да ја засили својата помош.
Кери престојува во Франција во рамките на турнејата во чиј почеток беше заедно со претседателот Обама во Израел, на палестинските територии и во Јордан, а потоа сам ги посети Ирак и Авганистан.
XS
SM
MD
LG