Достапни линкови

Поддршка од Арапската лига за воена помош за сириските бунтовници


Арапската Лига ја даде својата поддршка за обезбедување воена помош на сириските бунтовници. Во нацрт-декларцијата, лидерите на лигата на состанокот во Доха, Катар, го потврдија правото на секоја држава да ги овозможи сите форми на самоодбрана, вклучувајќи и воена, за да го поддржи отпорот на сирискиот народ и на Слободната сириска армија.
Арапските земји не подлежат на ембаргото за оружје за Сирија, наметнато од ЕУ и САД.
Предлог декларацијата уште ги повикува регионалните и меѓународните организации да ја признаат опозициската Национална коалиција како единствен легитимен претставник на сирискиот народ.
Претходно вчера организацијата го почна дводневниот самит со Националната коалиција на официјалното место за Сирија. Владата во Дамаск ја обвини Лигата дека им го предала седиштето на бандити и крадци.
XS
SM
MD
LG