Достапни линкови

Назначен шеф на истрагата за хемиско оружје во Сирија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го назначи шведскиот научник Аке Селстром за шеф на истрагата на ОН околу тврдењата за наводна употреба на хемиско оружје во Сирија. Селстром беше инспектор на ОН за хемиско оружје во Ирак, пред американската инвазија во 2003 година. Портпаролот на ОН Мартин Несирки го нарече способен научник со солидна основа во областа на разоружувањето и меѓународната безбедност.
Истрагата ќе ги разгледа наводите дека во нападот што се случи во северна Сирија на 19 март било користено хемиско оружје. Владините сили и бунтовниците се обвинуваат меѓусебно за овој напад, а истрагата ја побара сириската влада.
XS
SM
MD
LG