Достапни линкови

Земјите од БРИКС со своја банка, противтежа на ММФ


Јакоб Зума и Владимир Путин

Јакоб Зума и Владимир Путин

Лидерите на групата БРИКС денеска на состанокот во Дурбан, Јужна Африка, се очекува да објават план за основање нова банка за развој. На состанокот присуствуваат претседателите на Бразил Дилма Русеф, на Кина Кси Џинпинг, на Русија Владимир Путин и на Јужна Африка Јакоб Зума, како и индискиот премиер Манмохан Синг.
Сепак, се чини дека за поширока спогодба треба да се почека, бидејќи е потребно време за разработување на сите детали околу формирањето и работата на банката. Целта на овој план е банката да биде противтежа на Светска Банка и ММФ, во кои според БРИКС, доминираат западните земји.
XS
SM
MD
LG