Достапни линкови

logo-print

Жена на чело на Тајната служба на САД


Џулија Пирсон

Џулија Пирсон

Американскиот претседател Барак Обама ја наименува Џулија Пирсон како прва жена шеф на Тајната служба. Пирсон 30 години работи во агенцијата која ги заштитува претседателот и неговото семејство и истражува финансиски криминал. Во вчерашната изјава Обама рече дека таа доследно ги изразува духот и посветеноста што мажите и жените од оваа служба ги демонстрираат секој ден. За назначување на Пирсон не е потребна потврда од Конгресот.
Пирсон, актуелен шеф на персоналот на Тајната служба, ќе го наследи Марк Саливен, кој го објави своето повлекување во февруари. Назначувањето доаѓа речиси една година по скандалот со проститутки што се случи за време на посетата на Обама на колумбискиот град Картагена.
XS
SM
MD
LG