Достапни линкови

Македонија пак поразена од Белгија


Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа во Брисел е поразена од Белгија со 1:0 во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил што ќе биде одржано во идната година. Единствениот гол го постигна Азар во 62 минута.
Во другите натпревари од оваа група Хрватска како гостин го победи Велс со 2:1, откако домаќините поведоа со 1:0, а Србија во Нови Сад ја совлада Шкотска со 2:0.
Во поинтересните натпревари од другите групи, Црна Гора и Англија играа нерешено 1:1, а Франција загуби дома од Шпанија со 1:0.
XS
SM
MD
LG