Достапни линкови

logo-print

Тензично Кичево, опозициски приговори и борба за Центар


Премиерот Никола Груевски во посета на Кичево.

Премиерот Никола Груевски во посета на Кичево.

Премиерот Никола Груевски се поистоветува со гневот на кичевчани, опозицијата најави дека нема да го бојкотира вториот круг на гласање, а кандидатите за градоначалник на скопската општина Центар дебатираат околу тоа кој колку гласови освоил.

Премиерот Никола Груевски се поистоветува со гневот на кичевчани, опозицијата најави дека нема да го бојкотира вториот круг на гласање на локалните избори, а кандидатите за градоначалник на скопската општина Центар дебатираат околу тоа кој колку гласови освоил и кој би бил победник.
Затоа што тоа е и мој гнев и мој револт. Тие сега имаат проблеми, имаат предизвици, тоа се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука. Јас не бегам од народот, од луѓето, затоа и сум тука во Кичево.

Тензична атмосфера се создаде во Кичево за време на посетата на премиерот Груевски. Насобраните луѓе скандираа „Кичево е македонски град.“

По владиниот демант на информацијата дека шефот на владата е забарикадиран во штабот на владејачката партија, Груевски изјави дека го разбира гневот и револтот кај луѓето.

„Затоа што тоа е и мој гнев и мој револт. Тие сега имаат проблеми, имаат предизвици, тоа се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука. Јас не бегам од народот, од луѓето, затоа и сум тука во Кичево.“
Проблем број 1, кој ја фрла најголемата дамка на изборниот резултат се манипулациите во Избирачкиот список за кој најголемата одговорност е во политичкото раководство на МВР. Затоа, ова мора до крај да се расчисти низ правни и судски процедури и постапки.

Опозициската коалиција, пак најави дека ќе учествува во вториот круг од гласањето за локалните избори, покрај претходните изјави на лидерот на здружената опозиција Бранко Црвенковски дека бојкотот постои како опција.

Игор Ивановски рече дека правниот тим на „Сојуз за иднината“ подготвил најмалку 350 приговори за нерегуларности на денот на изборите, а најавено е и поднесување на кривични пријави.

„Проблем број 1, кој ја фрла најголемата дамка на изборниот резултат се манипулациите во Избирачкиот список за кој најголемата одговорност е во политичкото раководство на МВР. Затоа, ова мора до крај да се расчисти низ правни и судски процедури и постапки.“

Кој победи во скопската општина Центар?

Кандидатот на владејачката партија Владимир Тодоровиќ се надева дека ќе добие мнозинство гласови во вториот круг.

„Андреј Жерновски ниту има дела зад себе, ниту нуди реална програма, единствено му преостанува да го покрие со невистини и манипулации, што не доликува на еден кандидат за градоначалник на една урбана општина како што е општина Центар. Андреј Жерновски денеска покажа ниско ниво на политичка култура, очигледно обидувајќи се да ја заобиколи волјата на граѓаните на центар, тоа значи дека тој се плаши од соочување со народот во вториот круг.“

Кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски вели дека жителите на центар веќе го избрале за нов градоначалник.

„И покрај сите притисоци, уцени, двојни ливчиња, купени гласови, и покрај скршените штабови само во општина Центар, уфрлени гласови од Пустец и покрај највалканата кампања што ја видовме во општина Центар победивме со 15 проценти разлика. Тоа е факт што треба да се прифати“, рече Андреј Жерновски.

Вториот круг гласање за локалните избори е закажан на седми април.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG