Достапни линкови

Пентагон ги осуди заканите на Северна Кореја


Пентагон ги осуди заканите од Северна Кореја за напади врз американски воени бази и соопшти дека е подготвен да одговори на секоја непредвидлива ситуација. Потпаролот на Пентагон Џорџ Литл ги нарече заканите „воинствена реторика“ која ја следи добро познатата шема за создавање тензии и заплашување. Националната новинска агенција на Северна Кореја соопшти дека ракетите на земјата сега се насочени кон американските бази.
XS
SM
MD
LG