Достапни линкови

logo-print

Турција негира дека започнало повлекувањето на курдските бунтовници


Курдскиот лидер Абдула Оџалан

Курдскиот лидер Абдула Оџалан

Турската армија ги отфрли информациите дека првата група на курдски бутовници се повлекле од земјата по повикот на нивниот лидер Абдула Оџалан, објави страницата „Тудејс заман“. Турските медиуми претходно јавија дека првата група бунтовници ја минала границата во Северен Ирак под надзор на турски воени авиони. Според некои од нив, групата броела околу 100 лица.
Генералштабот на Армијата во своето соопштение наведува дека информациите се неточни, истакнувајќи дека турски авиони летале во 13 зони над Северен Ирак само со разузнавачка цел. Армијата негира и дека ги прекинала сите операции против курдските бунтовници пред три месеци.
XS
SM
MD
LG