Достапни линкови

Дамјановски и Ѓорѓиевски во вториот круг почнуваат од почеток


Куманово.

Куманово.

Во вториот круг на локалните избори во Куманово ќе се судрат актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски од СДСМ и Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ кој освои повеќе гласови во првиот круг.

Актуелниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски Циц од Коалицијата на СДСМ и кандидатот за градоначалник за наредниот четиригодишен мандат Зоран Ѓорѓиевски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, во вториот изборен круг очекуваат и се надеваат дека граѓаните ќе им го дадат својот глас. За нив политичката борба започнува од почеток. Неколкумина запрашани граѓани имаат, како што велат, свои причини да гласаат за едниот или другиот.
Резултатот е изненадувачки во Куманово, иако сите сондажи, митинзи и од врата на врата, политички маркетинг, не укажуваа на тоа. Но ова што во Македонија се случи во изборниот процес е нешто за што треба анализи во науката и учебниците по политички науки. Ова нешто не е одраз на она што се гледа во народот.

Во Куманово, кое изминатите две децении важеше за бастион на СДСМ, на овие локални избори се случи изненадување, позитивно за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, негативно за оние кои сметаат дека досега направиле многу.

Дамјановски за ова со свој став:
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.


„Резултатот е изненадувачки во Куманово, иако сите сондажи, митинзи и од врата на врата, политички маркетинг, не укажуваа на тоа. Но ова што во Македонија се случи во изборниот процес е нешто за што треба анализи во науката и учебниците по политички науки. Ова нешто не е одраз на она што се гледа во народот. Вториот круг значи трката почнува од почеток. Борбата ќе биде тешка, неизвесна и непредвидлива. Ќе одлучуваат гласачите кои ги дадоа гласовите за другите кандидати и албанскиот кампус.“

Според Дамјановски, по некоја логика би требало поранешните сдсмовци кои се определиле за независниот кандидат своите гласови да ги дадат за него.
Очекувам во вториот круг граѓаните на овој град да ги препознаат вистинските вредности, да се базираат на сите завршени дела кои се зад нас, очекувам дека ќе ми ја укажат довербата за која 30 години сум ја давал за овој град. Очекувам во вториот круг првпат по 22 год во Куманово да дојде до една промена, промена која ќе донесе едно подобро Куманово, благодарејќи на граѓаните на Куманово.

„Ценејќи го мојот граѓански концепт мислам дека албанскиот електорат гласовите ќе ги даде за мене. Претпоставувам дека ќе имаме слободни избори и ќе се испочитува волјата на граѓаните.“

Зоран Ѓорѓиевски, кој во првиот изборен круг доби голема поддршка од граѓаните, за очекувањата во вториот круг вели:
Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.


„Очекувам во вториот круг граѓаните на овој град да ги препознаат вистинските вредности, да се базираат на сите завршени дела кои се зад нас, очекувам дека ќе ми ја укажат довербата за која 30 години сум ја давал за овој град. Очекувам во вториот круг првпат по 22 год во Куманово да дојде до една промена, промена која ќе донесе едно подобро Куманово, благодарејќи на граѓаните на Куманово. Очекувам од сите оние кои ми ја дадоа досегашната доверба и од оние кои не, дека ќе биде успешен вториот круг за мене“, вели Ѓорѓиевски и додава дека кумановци ќе дадат приоритет на личноста на кандидатот.

Граѓаните, пак, со свое мислење зависно од нивната политичка определба:

„Реално, не знам.“

„Кој е подобар и кој мисли за Куманово и за народот, а не само да се ветува, а да не се исполни. Од новиот очекувам повеќе, бидејќи имам искуство. Неминовно е дека треба промена.“

„Не знам.“

„Циц.“

„И така и така.“
„И јас сум за Циц и очекувам победа.“

„Со 99 насто Зоран Ѓорѓиевски“, изјавија анкетираните кумановци.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG