Достапни линкови

logo-print

Дарко Дамјановски исполни А-норма за Олимпијадата во Сочи


Дарко Дамјановски, нордиски скијач.

Дарко Дамјановски, нордиски скијач.

Нордискиот скијач Дарко Дамјановски е првиот што по дводецениско чекање исполни А-олимписка норма за настап на Зимските олимписки игри во Сочи.

По дводецениско чекање, Македонија минатата недела конечно доби спортист со исполнета А норма за настап на Зимските олимписки игри. Ваков успех постигна нордискиот скијач Дарко Дамјановски, кој извонредната сезона ја круниса на трката од Алпскиот куп во италијанскиот Тоблач, каде што постигна резултат со кој ја проби потребната граница од 100 ФИС точки, спуштајќи го својот количник на 98 (ФИС точки).
Ова е еден од најголемите успеси досега во историјата на Македонија. А олимписка норма немало никој пат во зимските спортови, така да среќен сум што ја исполнив. Со многу напорна работа, труд, откажувања, одрекувања од многу работи, ете гледаме дека се е достижно и продолжувам да работам понатаму за подготовка за Сочи 2014-та.

Со тоа, членот на мавровскиот клуб „Мирна Долина“, на свое огромно задоволство, 11 месеци пред стартот на Олимпијадата во рускиот Сочи, ја обезбеди визата за учество на најзначајниот зимски спортски настан во наредната година.

„Ова е еден од најголемите успеси досега во историјата на Македонија. А олимписка норма немало никој пат во зимските спортови, така да среќен сум што ја исполнив. Со многу напорна работа, труд, откажувања, одрекувања од многу работи, ете гледаме дека се е достижно и продолжувам да работам понатаму за подготовка за Сочи 2014-та“, изјави Дамјановски, кој во својата досегашна 16 годишна кариера со Б-норма веќе имаше настапи на две Олимпијади (во Торино 2006-та и во Ванкувер 2010-та година).
Нормално дека одам со посебни амбиции. Бидејќи, сепак, А олимписка норма е голема работа и на сите трки можам да учествувам.

Тоа искуство треба да му биде од огромна корист на претстојните ОИ, на кои, имајќи го предвид сега многу подобриот рејтинг, ќе замине со поголеми амбиции.

„Нормално дека одам со посебни амбиции. Бидејќи, сепак, А олимписка норма е голема работа и на сите трки можам да учествувам. Но, јас ќе одредам три, 1.500 метри спринт скејтинг, 15 километра класично трчање и 50 километра слободно, што ми е мој животен сон да ја истрчам таа трка. За мене е успех во првата половина од натпреварувачите ако влеземе, тоа е перфектен резултат. Бидејќи знаеме таму колку се силни, машинерии што велиме ние. Само здравје, треба да имаме здравје, се да се поклопи и резултатот може да дојде многу бргу“, додаде 31-годишниот Дамјановски.

Во Сочи, тој може да настапи и во биатлон, дисциплина во која ќе се натпреваруваат 28-те најдобри нации на светската ранг листа. Македонија во моментов е 35-та, што значи дека ни е потребен скок од 7 позиции, иако не е исклучено олимписката виза да се обезбеди и со помал напредок. Дарко е оптимист дека до крајот на годинава, заедно со репрезентативните колеги, ќе стигне и до таа норма, а првата можност за приближување до неа ќе ја има оваа недела на Армиското СП во Франција (26-30 март), каде што ќе атакува на пласман во златната средина.

„Таму исто, прва половина е супер. Таму ќе дојдат најдобрите од биатлон од Светскиот куп и од нордиско трчање“, истакна на крајот Дарко Дамјановски.
XS
SM
MD
LG