Достапни линкови

Груевски во тензично Кичево


Од гласањето во Кичево на 24.03.2013

Од гласањето во Кичево на 24.03.2013

Поголема група граѓани денеска се собрала во центарот на Кичево, во моментот кога таму дошол премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Како што јавуваат македонските медиуми, дел од собраните ги исвиркувале премиерот и оние што биле во негова придружба, незадоволни од поразот на заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за градоначалник на Кичево, одоносно од победата на кандидатот на ДУИ. Груевски беше на состанок во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
И сега и секогаш кога е потребно ќе ги посетувам кичевчани, а не како некои политичари кои ги заборавија овие луѓе, изјави Груевски во Кичево.
За време на престојот на Груевски, во касарната во Кичево било забележано големо полициско присуство, но во центарот имало само десетина полицајци.
XS
SM
MD
LG