Достапни линкови

СДСМ со 350 нови приговори за нерегуларности на изборите


Гласањето на локалните избори

Гласањето на локалните избори

Шефот на Изборниот штаб на коалицијата „Сојуз за иднината“ Игор Ивановски изјави денеска дека СДСМ ќе учествува во вториот круг на локалните избори и ќе ја бара поддршката од граѓаните за своите кандидати. Според него, на 7 април гласањето почнува од нула и тие ќе сторат се што е во нивна моќ да не се повторат изборните нерегуларности од првиот круг на гласање.
Ивановски оцени дека изборите не биле фер и демократски и информира дека нивниот правен тим подготвил најмалку 350 нови приговори за нерегуларности на денот на изборите и 15 за документирани случаи на прекршување на изборниот молк од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Освен приговори и претставки до ДИК, како што рече Ивановски, ќе бидат поднесени и кривични пријави.
XS
SM
MD
LG