Достапни линкови

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денеска


Гласањето на локалните избори

Гласањето на локалните избори

Рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за првиот круг од локалните избори што се одржаа во недeлата истекува вечер во 19 часот. За евентуално поднесените приговори, комисијата е должна да донесе одлука во рок од 48 часа. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на решението.
Од ДИК информираат дека досега не добиле приговори од учесниците на изборите.
XS
SM
MD
LG