Достапни линкови

logo-print

Серија средби на Кери во Авганистан


Средбата на Кери со авганистанските бизнисменки

Средбата на Кери со авганистанските бизнисменки

Американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со претставници на невладините организации и со авганистанските бизнисменки во Кабул. На средбата во американската амбасада, жените му ја пренеле загриженоста на Кери за безбедноста на земјата по повлекувањето на меѓународните сили до крајот на 2014 година.
Кери на невладините организации и Централната изборна комисија им порачал дека ќе треба да вложат големи напори на престојните избори во наредната година, бидејќи целиот свет ќе го посматра нивното одржување.
XS
SM
MD
LG