Достапни линкови

Оставка на првиот човек на најголемата кипарска банка


Претседателот на Управниот совет на Банката на Кипар, Андреас Артемис денеска поднесе оставка на функцијата. Управниот совет на банката денеска попладне ќе ја разгледа оставката на Артемис. Причините за оставката официјално не се соопштени, но според извори во банката, Артемис решил да се повлече во знак на протест затоа што не бил инфромиран за именување нов менаџер на финансиската институција.
Според други извори пак, оставката на Артемис е поврзана со преземањето на филијалите на кипарските банки во Грција од страна на грчката Пиреус Банка.
XS
SM
MD
LG