Достапни линкови

Металург во четвртфиналето против Киелце


Македонскиот ракометен првак Металург на денешеното извлекување во Виена за противник го доби полскиот Киелце, екипа против која играше во групата од Лигата на шампионите. На двата дуела победи полската екипа. Во Скопје резултатот беше 21:20, а во Киелце 23:21. Генералниот секретар на Металург Зоран Цветановски истакна дека е задоволен од жребувањето и изрази надеж дека Металург ќе се пласира во полуфиналето.
Другите четвртфинални двојки се: Атлетико Мадрид – Барселона, Кил – Веспрем и Флензбург – Хамбург. Првите натпревари се играат во терминот од 17 до 21 април, а реваншите од 24 до 28 април. Првиот натпревар меѓу Металург и Киелце се игра во Скопје.
XS
SM
MD
LG