Достапни линкови

logo-print

По преодната оценка за изборите, на ред е името

Премиерот Никола Груевски се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје. 01 март 2013.

Премиерот Никола Груевски се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје. 01 март 2013.

Стравувањата за продлабочување на политичката криза и разгорување на меѓуетничките односи не се остварија, па затоа можно е да добиеме преодна оцена за изборите, велат политиколозите, кој се согласни дека решавањето на прашањето за името е следниот приоритет на меѓународната заедница.

Јас лично не сум задоволен од тоа како поминаа изборите, ви смисла и по моја оценка имаше многу нефер поведение, меѓутоа тоа е она што тие го бараа од нас за да можат да го протуркаат извештајот.

Дискутабилно е дали имавме фер избори, но политичкиот критериум е исполнет, смета универзитетскиот професор Денко Малески.

„Имам впечаток дека сите го држевме здивот да поминат изборите мирно. Тоа е тој критериум за нас. Јас лично не сум задоволен од тоа како поминаа изборите, ви смисла и по моја оценка имаше многу нефер поведение, меѓутоа тоа е она што тие го бараа од нас за да можат да го протуркаат извештајот.“
Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс и Претставникот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Јуриј Ламберг на прес-конференција во Скопје.

Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс и Претставникот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Јуриј Ламберг на прес-конференција во Скопје.

Процедурално можеме да организираме избори кои се демократски, меѓутоа друго прашање е дали избирачкиот процес беше фер, вели Малески.
Тоа што денот на изборите бил мирен, ќе преовладува од политички причини, без оглед на тоа што власта цело време ги злоупотребува инструкциите и средствата, но се зависи колку ќе биде расположението сега да се даде некаква јасна согласност за спорот со името.

„Дали сега ќе се сврти вниманието кон другиот проблем името? Мислам да. Калкулацијата на Европската унија е дека само ако ја поминеме оваа пречка, тие може да извршат евентуален притисок врз владата да се зафати со oвој проблем, бидејќи на крајот на денот ние нема да можеме да добиеме датум без согласност на Грција.“

Слично мислење има и политикологот Мерсел Биљали.

„Јас очекувам после изборите да се даде некаков одговор на меморандумот кој ќе биде многу поконкретен во однос на насоките како ќе се реши проблемот со името, за да потоа следи извештајот и можните преговори. “

Во поглед на изборите меѓународната заедница знаела кои стандарди важат кај нас, вели Биљали.

„Тоа што денот на изборите бил мирен, ќе преовладува од политички причини, без оглед на тоа што власта цело време ги злоупотребува инструкциите и средствата, но се зависи колку ќе биде расположението сега да се даде некаква јасна согласност за спорот со името, со што вкупно тоа ќе влезе како извештајот како позитивно, ако се усвои така.“

Инаку, невладиниот сектор, покрај констатацијата дека изборите поминале во релативно мирна атмосфера, забележува на бројни неправилности и злоупотреби пред и на денот на гласањето.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG