Достапни линкови

Хрватска станува членка на ЕУ од први јули


Хрватска е подготвена да стане членка на Европската Унија на први јули годинава, соопшти денеска Евроспката Комисија во финалниот извештај за источно-европските земји. Евро-комесарот за проширување Штефан Филе оцени дека Хрватска напорно работеше и спроведуваше реформи, а постигнатите резултати ќе бидат бенефит за нејзините граѓани. Од 27-те земји членки на ЕУ, 5 сеуште не го ратификувале зачленувањето на Хрватска, меѓу кои и Словенија која условуваше со надминување на спорот во врска со банките и старите штедни влогови, но и овој проблем беше решен месецов. Хрватска беше соочена со построги пристапни критериуми за разлика од Романија и Бугарија, па сега не е предвиден специјален мониторинг каков што има за Букурешт и Софија. Сепак, за приклучување на Хрватска во Шенген зоната ќе има дополнителни проверки, а веројатно ќе и биде препорачано да влезе во евро-зоната.
XS
SM
MD
LG