Достапни линкови

Северна Кореја повторно со воени закани до САД


Северна Кореја објави дека нејзини ракети се насочени кон американската воена база Гуам, на Хаваи, како и кон територијата на Соединетите Држави. Според државната новинска агенција, ваквиот потег бил одговор на заканата од американски бомбардери. До ваквата објава од Пјонгјанг доаѓа откако Соединетите Држави и Јужна Кореја потпишаа договор за заедничка воена акција во случај на напад од Северна Кореја. Пјонгјанг во декември лансира сателит во орбитата, но не е веројатно дека Северна Кореја поседува ракети со долг дострел, кои би можеле да го погодат континенталниот дел на САД.
XS
SM
MD
LG