Достапни линкови

Семејството на Гадафи доби азил во Оман


Гадафи, неговата сопруга Сафија и синот Сеиф ал Ислам.

Гадафи, неговата сопруга Сафија и синот Сеиф ал Ислам.

Вдовицата на поранешниот лидер на Либија Моамер Гадафи и други негови роднини добија азил во Оман, соопшти министерот за надворешни работи на Либија Мохамед Абделазиз. Министерот рече дека семејството на Гадафи го напуштило Алжир, откако Оман им понудил азил, но притоа не изнесе други детали.

Се верува дека вдовицата на Гадафи, Сафија, три негови деца и внуците заминале од Алжир кон крајот на минатата година.

Министерот за надворешни работи Абделазиз рече дека е прерано да се каже дали Либија ќе бара нивна екстрадиција. Режимот на Гадафи беше соборен во октомври 2001, кога Гадафи беше убиен. Еден од неговите синови, Сеиф ал Ислам е уапсен.
XS
SM
MD
LG