Достапни линкови

Временска прогноза - облачно, со повремен дожд


Времето денеска ќе биде облачно и нестабилно со повремен дожд којшто локално ќе биде пороен и проследен со грмежи и засилен ветер. Утринската температура се движи од пет до 12, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до седум и со дневна до 14 степени.

Во следните три дена времето ќе биде променливо облачно, ќе има и локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет, а преку денот ќе има и сончеви периоди. Температурата ќе биде без поголеми промени.
XS
SM
MD
LG