Достапни линкови

Мирни избори на нерамен терен


Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс и Претставникот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Јуриј Ламберг на прес-конференција во Скопје.

Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс и Претставникот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Јуриј Ламберг на прес-конференција во Скопје.

Изборите поминаа во мирна атмосфера, но и странски и домашни набљудувачи нотираат бројни неправилности.

Во првиот изборен круг се избрани градоначалници во 51 општини, соопшти Државната изборна комисија. Во 29 општини и во Градот Скопје ќе се одржи втор круг на гласање.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР забележа неколку случаи на материјал на кампања поставен на државен имот, како и владини функционери кои со владини возила присуствуваа на предизборни настани во работно време. Поместувањето на границите меѓу државните активности и партиската кампања не е во согласност со параграфот 5,4 од Копенхагеншкиот договор на ОБСЕ од 1990.

Изборите поминаа мирно, но со нерегуларности. Ова е оценката и на домашните и на странските набљудувачи за денот на изборите. Од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР соопштија дека овие избори биле конкурентни и ефикасно спроведени, но биле забележани некои процедурални нерегуларности, вклучително и случаи на групно гласање.

„Процесот на гласање се одвиваше тивко и мирно, но сепак процедурите не беа испочитувани на некои гласачки места. Продолжија случаите на групно гласање и тајноста на гласањето не секогаш беше испочитувана. Најголем дел на набљудуваното броење на гласови беа оценети позитивно, иако понекогаш беа забележани процедурални пропусти.“

Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс нотираше дека имало заплашување на гласачите и злоупотреба на државни ресурси во текот на целата кампања.
Тајноста на гласањето треба повнимателно да се почитува и инцидентите на семејно гласање треба повнимателно да се разгледаат од страна на изборниот персонал.

„Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР забележа неколку случаи на материјал на кампања поставен на државен имот, како и владини функционери кои со владини возила присуствуваа на предизборни настани во работно време. Поместувањето на границите меѓу државните активности и партиската кампања не е во согласност со параграфот 5,4 од Копенхагеншкиот договор на ОБСЕ од 1990.“

Од набљудувачката мисија велат дека имало мал број на претставки поднесени до судовите, но засегнатите страни ја известиле мисијата дека немаат доверба во процедурите за приговор и во судовите. Мисијата забележала и „партиски наклонето медиумско покривање и мешање на државни со партиски активности, што секогаш не обезбедувало изедначен натпревар“.

Шефот на мисијата Герт Аренс, како познавач на состојбите во земјата, од свое лично име порача:

„Шансите дека оваа европска земја ќе може да ги исполни своите амбиции сигурно би биле зголемени со една поразумна политичка и етничка клима.“

Претставникот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа Јуриј Ламберг изјави дека на избирачките места што нивната мисија ги посетила изборите се одвивале во мирна атмосфера, на уреден начин, без поголеми инциденти.

„Тајноста на гласањето треба повнимателно да се почитува и инцидентите на семејно гласање треба повнимателно да се разгледаат од страна на изборниот персонал.“

Претходно, и невладините организации Мост и Цивил, кои ги набљудуваа изборите, ги сумираа неправилностите што ги забележале за време на изборниот процес.

Дарко Алексов од Граѓанската асоцијација Мост рече дека изборите поминале мирно, а избирачките одбори биле ефикасни и дека најчести нерегуларности биле групно и семејно гласање, некористење на УВ ламбата, фотографирање на гласачките ливчиња и евидентирање на гласачите од страна на партиските набљудувачи на самото гласачко место.

Покрај препораките на „Мост“ не беше спроведена теренска проверка на избирачкиот список, забележува Алексов.

„Со тоа повторно се остави простор за недоверба во податоците од избирачкиот список“, изјави тој.

Невладината организација Цивил, пак, забележува нејаснотии околу прочистувањето на избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, евидентирање гласачи, кршење на предизборниот молк и злоупотреба на ресурсите на државните и локалните институции.

„Ненормалното однесување и недемократските методи се издигнати на ниво на нормалност и секојдневие за граѓанките и граѓаните на Република Македонија“, рече претседателот на Цивил Џабир Дерала.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG