Достапни линкови

ДИК-во 28 општини ќе има втор круг на гласање


Гласањето на локалните избори 2013

Гласањето на локалните избори 2013

Претседателот на ДИК Борис Кондарко денеска изјави дека во првиот круг од Локалните избори гласањето е завршено во 52 општитни, а во втор круг гласање ќе има во 28 општини и градот Скопје. Според него, тоа се разултатите врз основа на првичните неофицијални резултати што ги имаат добиено од страна на општинските изборни комисии.
Досега се обработени 528 избирачки места од вкупно 536 што значи дека се чекаат резултатите од уште осум избирачки места. Во втор круг за градот Скопје одат кандидатот за градоначалник на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски со освоени 133.765 гласа и Јани Макрадули кандидат за градоначалник на Сојузот за иднината предводена од СДСМ со освоени 77.843 гласа.
XS
SM
MD
LG