Достапни линкови

logo-print

САД и Авганистан со ист став за преговорите со талибанците


Американскиот државен секретар Џон Кери и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Американскиот државен секретар Џон Кери и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул изјави дека двете земји се на истата страна во однос на мировните преговори со талибанците. Тој изрази убедување дека Карзаи не верува дека САД имаат некаков друг интерес, освен да ги видат талибанците на преговарачката маса.
Карзаи истакна дека денот бил многу добар, поради предавањето на контролата врз затворот Баграм на авганистанските сили.
XS
SM
MD
LG