Достапни линкови

Меркел-постигнатото решение за Кипар е правилно


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази задоволство од усвојувањето на планот за спас на Кипар, бидејќи со негова помош земјата ќе избегне банкрот. Според неа, постигнатото решение е правилно и пренесува одговорност врз сите, кои помогнале за создавање на проблемот.
Меркел смета дека од една страна кипарските банки ќе преземат одговорност, а од друга страна се покажало дека земјата може да смета на европската солидарност.
XS
SM
MD
LG