Достапни линкови

logo-print

Според досегашните податоци, ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 25 градоначалнички места, наспроти 5 на опозицискиот СДСМ.

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови на локалните избори во 54 општини, додека, пак, опозициската СДСМ има најмногу гласови во 7 општини. Според прелеминарните податоци на Државната изборна комисија, во неколку општини се воделе тесни битки за градоначалничките фотелји.
Најголемата битка во скопските општини беше за Карпош каде што Стевчо Јакимовски од Српска Напредна Странка води со 47 отсто додека неговата соперчничка од ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска освои 25 проценти, односно за речиси еден процент помалку од Андреј Петров од СДСМ.

Според досегашните податоци ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 25 градоначалнички места, наспроти 5- те на опозицискиот СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалнички места во Охрид со 59 отсто од гласовите, во Битола со 51 процент, Прилеп со речиси 60 проценти од гласовите, Гевгелија со 56 проценти, потоа во Дојран со освоени 57 проценти, во Крива Паланка со 53 проценти, во Македонски Брод со 65 проценти, Неготино, Штип, Пробиштип, и неколку помали општини.
Коце Трајановски гласа на локалните избори 2013.

Коце Трајановски гласа на локалните избори 2013.


Во Струмица, најмногу гласови освои Зоран Заев од СДСМ со 53 отсто од гласовите. СДСМ победи и во Велес со 50,74 отсто наспроти 47 отсто на ВМРО ДПМНЕ.
Најтесно е во Берово каде што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџиски освоил 49,69 отсто, а на СДСМ Ѕвонко Пекески 49,51. Во Ресен ќе се трча и втор изборен круг во кој ќе влезат ВМРО-ДПМНЕ и независниот кандидат и поранешен градионачалник на градот Димитар Бузлевски. Втор круг ќе има и во Кавадарци и Куманово каде што битката ќе биде меѓу двете најголеми македонски партии.

Во Скопје, актуелниот градоначалник Коце Трајановски води со освоени 49 проценти од избројаните гласачки ливчиња, наспроти неговиот против кандидат Јани Макрадули од СДСМ кој што освои речиси 30 отсто.

Најголемата битка во скопските општини беше за Карпош каде што Стевчо Јакимовски од Српска напредна странка води со 47 отсто додека неговата соперчничка од ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска освои 25 проценти, односно за речиси еден процент помалку од Андреј Петров од СДСМ.

Во Центар, кадешто главната битка се водеше меѓу Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ, според досега избројаните 85 проценти од гласачки ливчиња, води опозициската коалиција со речиси 52 проценти наспроти актулениот градоначалник кој освои 46.

Во останатите скопски општини ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство од над 60 проценти победи во Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба, а во Бутел освоиле речиси 51 процент. Чаирската градоначалничка фотелја повторно ќе ја добие кандидатот на ДУИ Изет Меџити, а во Сарај таа ќе му припадне на неговиот сопартиец Беким Мурати кој освои 54 проценти од гласовите. Ситуацијата остана непроменета во Шуто Оризари каде што Елвис Бајрам ќе биде градоначалник уште еден мандат.

Втор круг ќе се гласа во Ѓорче Петров затоа што досегашниот градоначалник Сокол Митровски освои 49 отсто наспроти неговиот противкандидат од СДСМ Александар Наумовски кој доби 47 отсто од гласовите.

Најтесно е во Берово каде што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџиски освоил 49,69 отсто, а на СДСМ Ѕвонко Пекески 49,51.

Во Ресен ќе се трча и втор изборен круг во кој ќе влезат ВМРО-ДПМНЕ и независниот кандидат и поранешен градионачалник на градот Димитар Бузлевски. Втор круг ќе има и во Кавадарци и Куманово каде што битката ќе биде меѓу двете најголеми македонски партии.
Тесна и неизвесна битка за градоначалничка фотелја се водеше во етнички поделеното Кичево кое со припојувањето на новите општини доби регистрирани 48 илјади гласачи од кои 73 проценти излегоа на гласање. Според досега пребројаните податоци на ДИК, победник во Кичево е канидадатот на ДУИ Фатмир Дехари со освоени 52 проценти од гласовите. Гласачи кои што со години не живеат во во кичевскиот регион за денот на изборите масовно се враќаа дома само за да гласааат.

Слична слика имаше и во општината Центар Жупа од дебарскиот крај, каде што печалбарите одлучија кој ќе биде новиот татко на општината. Со автобуси пристигнале вкупно 2.500 печалбари од вкупно 3600 регистрирани гласачи. Во Струга во втор круг влегуваат Владимир Кочоски со 41 процент и и неговиот противкандидат од ДПА Зиадин Села со освоени 32 проценти од гласовите. Во Гостивар трката во втор круг ќе се одвива меѓу Руфи Османи од НДП и Невзат Бејта од ДУИ.

Од вкупно 1.743 403 регистрирани гласачи, своето право на глас го искористиле 1.123 197 луѓе, односно 67 проценти од регистрираните изборачи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG