Достапни линкови

Честитка од Иванов до Папуљас по повод грчкиот национален празник


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до својот грчки колега Каролос Папуљас по повод Националниот празник на Грција. „Дозволете, во оваа убава прилика, да ја нагласам цврстата определба на Република Македонија за унапредување на добрососедските односи и соработката со вашата земја, што е во интерес на граѓаните на нашите две земји. Сметам дека можеме да бидеме задоволни што нашите две општества и економии успешно соработуваат. Она што ние, како претседатели, и нашите влади, имаме обврска и одговорност е да ја охрабруваме и да создаваме уште поповолни услови за севкупна соработка, за што постојат одлични потенцијали. Ние сме целосно подготвени“, вели во честитката претседателот Иванов.
XS
SM
MD
LG