Достапни линкови

Договор за спас на Кипар


Кипарскиот претседател Никос Анастијадис по преговорите во Брисел

Кипарскиот претседател Никос Анастијадис по преговорите во Брисел

Кипарската влада и меѓународните кредитори изутрината во Брисел постигнаа договор за спасувачкиот пакет во вредност од над 10 милијарди евра. Договорот ќе значи затворање на втората најголема банка во таа земја и ќе им нанесе тежок удар за неосигураните депозити, вклучувајќи ги и оние на богатите Руси.

Понеделник беше последниот рок за постигнување договор или Кипар ќе мораше да се соочи со пресечување на фондовите од Европската централна банка, потег кој би можело да ја принуди владата да објави банкрот и да ја доведе земјата пред исклучување од еврозоната.

Кредиторите бараат од Кипар да да собере 5,8 милијарди евра од банкарскиот сектор во таа земја со цел да го добие спасувачкиот пакет.

Според договорот, вложувачите со над 100 илјади евра во втората најголема банка Лаики ќе загубат засега непрецизирана сума од нивните пари. Се уште не е јасно колкав процент од нивните штедни влогови ќе им биде одземен.

Според официјални претставници, само со оваа мерка би можело да се соберат над 4 милијарди евра. По се изгледа дека за новиот договор не ќе биде потребно гласање во парламентот.

Јасно е дека длабочината на финансиската криза во Кипар значи оти во блиска иднина ќе биде многу тешко за земјата и за нејзиниот народ. Комисијата ќе направи се што е можно за да се ублажат социјалните последици од економскиот шок и да помогне во заштитата на најранливите групи луѓе.
Минатата недела пратениците го отфрлија контроверзниот предлог за еднократно оданочување на сите штедни влогови во кипарските банки.

Претседавачот на еврогрупата Јероен Дијселблум изјави дека Банката на Кипар, која е најголема во таа островска земја, би можело да ја преживее кризата.

„Програмата ќе се заснова врз амбициозни мерки во областите на фискалната консолидација, структурните реформи и приватизацијата. Властите, исто така, ќе преземат решителни дејства за заштита на стабилноста на финансискиот сектор, вклучувајќи и мерки за преструктуирање на двете најголеми банки. Би сакал да истакнам дека ниту една од овие мерки нема да влијае врз депозитите под 100.000 евра.“

Се очекува планот да предизвика губење работни места и период на голема економска неизвесност во земјата.

Еврокомесарот за економски и монетарни работи Оли Рен оцени дека граѓаните на Кипар би требало да се подготват за да се соочат со многу тешката економска и социјална ситуација која им претстои.

„Јасно е дека длабочината на финансиската криза во Кипар значи оти во блиска иднина ќе биде многу тешко за земјата и за нејзиниот народ. Комисијата ќе направи се што е можно за да се ублажат социјалните последици од економскиот шок и да помогне во заштитата на најранливите групи луѓе.“

Кипарските банки во изминативе 10 дена, односно за време на напорите за постигнување договор меѓу владата и кредиторите, беа затворени, но се очекува повторно да почнат да работат од вторник.

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард оцени дека договорот предвидува сеопфатен и кредибилен план за справување со тековните економски предизвици во земјата.

Според извештаите од неделните 12 часовни преговори во Брисел, претседателот на Кипар Анастасијадис во еден момент се заканил дека ќе си поднесе оставка.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG