Достапни линкови

АИ против новиот договор за трговија со оружје


Амнести интернашнал го критикуваше новиот нацрт договор за трговијата со оружје предложен од Обединетите нации. Во денешното соопштение на Амнести интернешнал се оценува дека со договорот нема да може да се спречи трансферот во земјите каде што оружјето би можело да се употребува за сериозни кршења на човековите права. Нацрт договорот би можело да стане прв меѓународен документ со кој ќе се регулира продажбата на конвенционалното оружје, бизнис во вредност од над 70 милијарди долари годишно. Во Обединетите нации в четврток треба да заврши состанокот на кој се разговара на оваа тема.
XS
SM
MD
LG