Достапни линкови

Во Анкара акција против терористичка група


Седиштето на турската владеачка Партија на правдата и развојот во Анкара

Седиштето на турската владеачка Партија на правдата и развојот во Анкара

Турската полиција во Анкара спровела голема операција против левоекстремистичката организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување, соопштија турските медиуми, наведувајќи дека во неа учествувале 400 полицајци. Оваа група е прогласена за терористичка организација од Европската унија и САД. Таа во минатата недела призна дека стои зад бомбашките напади од 19 март во Анкара врз Министерството за правда и седиштето на владеачката Партија на правдата и развојот.
XS
SM
MD
LG