Достапни линкови

Падна договор меѓу Кипар и кредиторите


Редици пред банкоматите во Кипар.

Редици пред банкоматите во Кипар.

Кипарската влада и меѓународните кредитори постигнаа договор за спасувачкиот пакет од 10 милијарди евра. Договорот, што беше објавен пред неколку часа во Брисел, се очекува да доведе до затворање на втората најголема банка во земјата. Исто така се очекува дека ќе им биде нанесена голема штета на неосигураните штедачи, меѓу кои и на богатите Руси. Денеска истекува рокот кога медитеранската земја и кредиторите требаше да се договорат или во спротивно Кипар се соочува со банкрот и можен излез од еврозоната. Кредиторите бараат од Кипар да собере 5,8 милијарди евра. Според договорот, штедачите во втората по големина банка во Кипар, Лаики кои имаат банкарски депозити поголеми од 100 илјади евра треба да отстапат дел од своите заштеди.
XS
SM
MD
LG