Достапни линкови

Авганистан - САД ја предава контролата врз затворот во Баграм


Поглед на затворот во Бергам.

Поглед на затворот во Бергам.

Соединетите Држави денеска официјално треба да ја предадат контролата врз воениот притворен центар во воената база Баграм на авганистанските власти. Договорот за предавање на притворот во областа Парван беше објавен во саботата. Предавањето беше првично закажано за 9 март, но беше одложено откако Вашингтон и Кабул не постигнаа договор за справување со затворениците за кои американските сили сметаат дека се опасни. Двете страни постигнаа договор според кој таквите затвореници може да останат во затворот во согласност со авганистанските закони. Предавањето на затворот е дел од потезите за пренос на целосната контрола на безбедноста на авганистанските сили пред повлекувањето на американските и сојузничките борбените сили до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG