Достапни линкови

Опозицијата во Сирија пред ново искушение


Ахмед Моаз Ал Катиб.

Ахмед Моаз Ал Катиб.

Опозицијата во Сирија е во криза по оставката на умерениот претседател на Националната коалиција Ахмед Моаз Ал Катиб. Тој оставката ја објави на Фејсбук. Оставката доаѓа на само два дена пред Самитот на Арапската лига во Катар. На средбата се очекува да се одлучи дали местото на Сирија во Арапската лига треба да се предаде на опозицијата. Членството на Сирија во Арапската лига беше суспендирано за време на конфликтот. Националната коалиција преку соопштение изјави дека ја одбива оставката на Катиб и побара од него да продолжи да ја врши функцијата.
XS
SM
MD
LG