Достапни линкови

Големи протести против истополови бракови во Париз


Илјадници луѓе протестирале во Париз против законската регулатива која дозволува хомосексуални бракови и можност хомосексуалците да посвојат деца. Извештаите велат дека имало и тепачки, а полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите од авенијата Шанзелизе. Според проценките на полицијата, на протестите учествувале околу 300 илјади луѓе. Мерката за легализација на истополовите бракови и можноста тие да посвојуваат деца веќе е одобрена од Долниот дом на парламентот и треба да биде разгледана од страна на Сенатот во април. Законот е поддржан од страна на претседателот Франсоа Оланд.
XS
SM
MD
LG