Достапни линкови

logo-print

ДУИ објави победа во седум општини


Во Кичево ДУИ води со 1.600 гласа, во Тетово со 3.600 гласови, во 70 проценти од избирачките места во Гостивар, исто така, води ДУИ, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој ги потврди резултатите за победа во Дебар, Желино, Пласница, Боговиње, Чаир и во Сарај, како и во Липково.

Ахмети вечерва се заблагодари за поддршката и на членството му посочи дека треба совесно и одговорно да се однесува како и досега.

Во втор круг одат во Студеничани, Брвеница, Јегуновце, а се очекуваат резултатите од Струга, исто така и за Кичево, каде се во водство.
XS
SM
MD
LG