Достапни линкови

ДИК-57,57 отсто излезност до 17 часот


Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи изјави денеска дека до 17 часот одѕивот на гласачите на локалните избори во Македонија е 57,57 отсто. Во Скопје излезноста е 53,08 отсто.
Одѕивот на денешните избори е поголем од претходните локални кога беше 48,73 отсто, како и од превремените парламентарни во 2011 кога до 17 часот на гласање излегоа 53,86 проценти од избирачите. Според Јакупи, изборите минуваат мирно, демократски и во духот на Изборниот законик.
XS
SM
MD
LG