Достапни линкови

Кери со порака до Ирак за иранските летови во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и ирачкиот премиер Нури ал Малики

Американскиот државен секретар Џон Кери и ирачкиот премиер Нури ал Малики

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека на ирачкиот премиер Нури ал Малики на денешната средба му ја пренел загриженоста за иранските летови преку земјата кои пренесуваат оружје во Сирија. Според него, летовите се проблематични и помагаат режимот на претседателот Башар ал Асад да опстане. Ирачките власти соопштија дека извршиле инспекција на неколку авиони, при што утврдиле дека тие пренесуваат хуманитарна помош во Сирија.
XS
SM
MD
LG