Достапни линкови

Ердоган-Израел да го исполни ветувањето


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите со Израел ќе се нормализираат само ако земјата им пружи компензација на роднините на жртвите од нападот врз бродот кој носеше помош во појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 22 март телефонски му се извинил на Ердоган за нападот во кој загинаа осум Турци и еден турско-американски државјанин. Нетанјаху ветил дека на нивните семејства ќе им биде исплатен надомест и дека ќе бидат намалени ограничувањата за испраќање на цивилни пратки во Газа. Ердоган го прифати извинувањето, но изјави дека односите меѓу двете земји ќе се нормализираат кога ќе биде исполнето ветувањето.
XS
SM
MD
LG