Достапни линкови

МВР-изборите без посериозен инцидент и во мирна атмосфера


Министерството за внатрешни работи соопшти дека локалните избори се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, без ниту еден посериозен инцидент. Портпаролот на МВР Иво Котевски денеска информира дека најголемиот дел од избирачките места или над 99 отсто од нив биле навреме отворени и гласањето тече без проблеми и без нарушување на избирачкото право. Според него, на некои места имало задоцнување и мали прекини при гласањето заради технички причини и поситни забелешки, но тоа генерално досега не влијаело на избирачкиот процес.
XS
SM
MD
LG