Достапни линкови

logo-print

ДИК-излезност од 34,87 отсто до 13 часот


ДИК соопшти дека до 13 часот на локалните избори во Македонија на гласање излегле 554.883 лица или 34,87 отсто од вкупното гласачко тело. Портпаролот на ДИК Билјана Јовановска изјави дека во Скопје до 13 часот одѕивот е 31,21 отсто од обработени податоци од 89 избирачки места, односно своето право на глас го искористиле 123.033 граѓани.
Највисока излезеност има во Вевчани 60,52 отсто, а најмала во Босилово околу 21 отсто.
XS
SM
MD
LG