Достапни линкови

ОБСЕ/ОДИХР утре со оценка за локалните избори


Директорот на ОБСЕ/ОДИХР Јанез Ленарчич, кој беше во набљудувачка посета на избирачките места во ОУ „Живко Брајковски“ во Скопје денеска изјави дека овие локални избори се важни за земјата и за нејзината актуелна политичка ситуација. Тој најави дека утре попладне ОБСЕ/ОДИХР ќе објави прелиминарен извештај со оценка за денешното гласање и за периодот потоа.
Според Ленарчич, за два месеци ќе биде изготвен конечниот извештај, што ќе содржи конкретни препораки за Владата и за другите учесници во изборите, кои ќе треба да се земат предвид за да се унапреди овој процес во земјата.
XS
SM
MD
LG