Достапни линкови

Некои прилепчани се жалат дека ги нема во списоците


Бројни граѓани од Прилеп денеска не можеле да го оставарат правото на глас, зашто велат не биде евидентирани во единствениот избирачки список, јавува дописникот на РСЕ од Прилеп.Револтирани се обратиле до подрачното одделение на ДИК во Прилеп, каде им било кажано дека треба да достават барање.

„Не знаеме што се случува, не сум само јас и мојата мајка, затекнавме 20-ина граѓани кои исто така се жалеа зашто не беа евидентирани на избирачкиот список“,

изјави еден прилепчанец, што го затенавме пред вратата на подрачното одделение на ДИК.
Од таму пак потврдуваат дека има граѓани кои од изутрина реагирале. Но, објаснуваат дека нивните реакции се неосновани, иако тие потпишуваат барања до подрачното одделение.

„Не знам колку лица точно се обратија и се пожалија дека не се на избирачкиот список. Но, реакциите се неосновани. Согласно изборниот законик крајниот рок за да извадат биометриски документи беше 9-ти фебруари. Според тоа, може да гласаат само лицата кои имаат валидни документи, но не и другите. Исто така согласно законот, може да гласаат само државјани на Македонија, полнолетни, лица со делумна способност, но не и лица кои имаат одземена способност“,

објаснува Розе Костадиноска, раководител на подрачното одделение на ДИК во Прилеп.
Од Општинската изборна комисија,информираат дека во единствениот избирачки список за овие локални избори се запишани околу 4000 гласачи помалку, во однос на претходните избори.

„Па тоа се должи на отсуството на биометриски документи, друг проблем не знам дали има. А, бројот на гласачи е намален за преку 4000“,

потврдува Елена Чагороска, претседател на Општинската изборна комисија во Прилеп.
Во единствениот избирачки список во Прилеп се запишани 63 376 граѓани со право на глас. Како што велат од ОИК Прилеп сите 132 места се отворени на време, а гласањето тече во фер и демократска атмосфера.
XS
SM
MD
LG