Достапни линкови

Струга - Семејно гласање и други проблеми


Лабуништа, 24.03.2013

Лабуништа, 24.03.2013


Во Струга и струшко изборниот процес за сега се одвива мирно без нарушување на изборната атмосфера. Според набљдувачите кои се наоѓаат на избирачките места забележана била појава на семејно гласање, особено во руралните албански средини.Станува збор за појава која во струшко е присутна редовно на секој изборни циклуси. Набљудувачки од македонските партии се присутни во сите средини вклучувајки ги и албанските села, односно во чисто албанските средини. Набљудувачите уште укажуваат и на тоа дека претставници од политичките партии се наоѓале и пред избирачките места, јавува нашиот дописник.

МИА пак јавува дека голем број граѓани, Македонци, денеска се пожалиле во Општинската изборна комисија во Струга поради тоа што нивните имиња ги немало на избирачкиот список. Претседателка на Избирачкиот одбор во гласачкото место 1851 Сервер Шашко изјави дека досега имале три до четири такви случаи, при што гласачите ги упатиле во Општинската изборна комисија.
Претседателот на ОИК Џенгис Хани, потврди дека неколку гласачи се обратиле до комисијата, но дека нема конкретна бројка за колку станува збор.
XS
SM
MD
LG