Достапни линкови

logo-print

ДИК-во скопските општини излезност меѓу 8 и 13 отсто


Локални избори 2013

Локални избори 2013

Излезеноста на гласачите за локалните избори во скопските општини е меѓу 8 и 13 отсто, според податоците на Државната изборна комисија објавени на нејзината веб-страна. Во општина Аеродром излезноста е 11,25 отсто, во Бутел 11,10, во Гази Баба 9,75, во Ѓорче Петров 11,31, во Карпош 12,01, Кисела Вода 12,33, Центар 11,20, во Чаир 8,16, во Шуто Оризари 10,80 и во Сарај 10,17 отсто. До 10 часот, според официјалните податоци на ДИК, во Скопје гласале вкупно 48.497 лица или 10,75 отсто.
На локалните избори право на глас во скопските општини имаат 443.770 граѓани запишани во избирачкиот список на 536 избирачки места.
XS
SM
MD
LG