Достапни линкови

Во Кичево се чека по 2 часа за да се гласа


Во Кичево гласањето се одвива без проблеми, јавува Радио Слободна Европа. Гласањето во сите 106 избирачки места е почнато навреме. Излезноста е голема, а на некои од избирачките места се чека и по 2 часа за граѓаните да си го остварат правото на глас. Некои граѓани се жалат дека нивните имиња ги нема на избирачкиот список.
Во Кичево право на глас имаат 48.044 лица.
Нашиот новинар јавува и дека во Кичево на терен биле високи државни функционери, како на пример вице премиерот за економски прашања Владимир Пешевски, вицепремиерот Зоран Ставрески и пратениците Силвана Бонева и Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG