Достапни линкови

ДИК-најголема излезност на гласањето во Кратово


Локални избори 2013

Локални избори 2013

Државната изборна комисија соопшти денеска дека на 2.838 избирачки места на гласање излегле 221.045 лица или 12,86 отсто. Најголема излезност има во Кратово 22,29 отсто, во Кичево 20,89 проценти и во Крушево 18,22, а најмала е во Боговиње каде што на гласање излегле 6,5 отсто. Според ДИК, во Скопје до 10 часот гласале вкупно 48.497 лица или 10,75 отсто од евидентираните во Избирачкиот список.
Сите избирачки места се отворени навреме, освен три, во село Ќафа, Гостиварско, поради одрон на пат кој го попречил движењето на членовите на избирачкиот одбор и уште две, во Чашка и во Петровец поради немање гласачи.
XS
SM
MD
LG